1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решението за Косово треба да обезбеди трајна стабилност на регионот

Валентин Николовски23 септември 2006

Македонскиот претседател Црвенковски и шефот на дипломатијата Милошовски, во Њујорк, на средбите со Анан и Ахтисари потенцираа дека решението за Косово треба да обезбеди стабилност на регионот

https://p.dw.com/p/Adc3

Македонија како непосреден сосед дава конструктивен придонес и во рамките на можностите ги поддржува разговорите меѓу Белград и Приштина за иднината на Косово, истакна македонскиот претседател Бранко Црвенковски, во разговорот со генералниот секретар на ОН Кофи Анан во Њујорк.

Според него прашањето за конечниот статус на Косово треба да биде решено што побргу и на начин кој ќе значи трајна стабилизација на регионот.

И македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошовски по средбата со неговите колеги од регионот и специланиот претсавник на ОН за Косово Марти Ахтисари смета дека решението треба да придонесе за стабилноста во регионот.