1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решението на Ахтисари не смее да го дестабилизира регионот

20 јануари 2007

Германија како претседавач со ЕУ очекува прифаќање на предлогот на Ахтисари за статусот на Косово

https://p.dw.com/p/Abzy
Штајнмаер:преговoрите ќе продолжат и по предлогот на Ахтисари
Штајнмаер:преговoрите ќе продолжат и по предлогот на АхтисариФотографија: AP

Владите на 27 –те држави на ЕУ сакаат да се усогласат околу заеднички политички курс во врска со Србија и Косово.На средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник во Брисел меѓутоа не се очекуваат конечни одлуки,најпрво ќе се исчека и анализира резултатот од утрешните парламентарни избори во Србија.

ЕУ ќе донесе прелиминарна одлука на следната средба на шефовите на дипломатиите,на 12 февруари,откако претходно веројатно на 2 февруари Марти Ахтисари ќе го изнесе предлогот за Косово.

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за Ројтерс рече дека одлуката за статусот на Косово мора максимално да ги задоволи и оние на Косово,но и оние во Србија или макар таму да не предизвика турбуленции.Најпрво сакаме по изборите во Србија да бидат засилени демократските сили,а потоа ќе направиме се за продолжување на преговорите.За Косово Меркел ќе разговара утре при средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер пред новинарите во Берлин говореше за идните чекори за утврдување на статусот на Косово.За Дојче Веле,Штајнмаер изјави:

-Во Србија на 21 јануари се одржуваат избори.Непосредно по нив специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари ќе го изнесе предлогот за стаусот на Косово.Очекувам тој предлог да биде прифатен во регионот,иако во моментов е тешко да се замисли дека на крај ќе добиеме документ кој ќе го потпишат сите кои учествуваат во процесот.И Ахтисари е свесен за тоа и затоа ќе води нова рдунда разговори и по изнесувањето на својот предлог,и во Србија,и на Косово,а можеби и со другите,за тоа тој ќе реши.Но,апелирам до сите заинтереисрани страни да го прифатат решението,какво и дае.Тешко дека некој подобро од Ахтисари ја познава ситуацијата.Со оглед дека меѓународната заедница е ангаќирана во регинот повеќе од седум години,допуштено и е да изрази очекување предлогот да не биде сватен како повод во регионот или во соседните земји наново да се предизвика нестабилност.

Изнесувањето на предлогот е одложено за по парламентраните избори во Србија.Штајнмаер не сакаше да изнесува свои очекувања од процесот,но за Дојче Веле нагласи:

-Дали имам основа за оптимизам можете да ме прашате по 22 јануари.Во натамошниот процес на решавањето на статусот на Косово има уште многу отворени прашања.Првото-дали Европејците остануваат на договорот врз основа на кој е формирана Контакт групата и именуван специјален пратеник на ОН.Некои земји се позагрижени за процесот,некои не би влегувале во било какво регулирање.Но,сите на тоа гледаат доволно реално и знаат дека простото одржување на сегашната состојба не би продонесло за стабилност,туку потенцијално би можело да го дестабилизира цел Западен Балкан.Да го сочекаме предлогот на Ахтисари.

Германија, како претседавач со ЕУ ,се надева дека предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово,кој ќе биде изнесен по утрешните парламентарни избори во Србија,ќе го прифатат и Белград и Приштина.

Решението во секој случај не смее да го дестабилизира регионот,укажуваат германската канцеларка Меркел и министерот за надворешни работи Штајнмаер.