1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решение (не) е на повидок?

17 јуни 2007

Спорот околу идниот начин на гласање во ЕУ продолжува. По средба на канцеларка Меркел и полскиот претседател Качински во јавноста не се презентирани резултати. Германија денеска ја продолжува дипломатската офанзива.

https://p.dw.com/p/AxSc
Меркел во европска офанзиваФотографија: AP

На агендата на канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер се предвдидени редица средби со европските дипломати до кои кацеларката Меркел вчера упати и апел.

„Ние ќе поднесеме предлог план. За да може да биде усвоен неопходна е подготвеност за компромис на сите. Работиме и им благодариме на многу земји членки што не поддржуваат во оваа цел. Се надевам дека ќе успееме наредната недела да го усвоиме овој план за да добиеме основа за нов устав со што Европа ќе си ја поврати својата ефикасност.” порача Меркел пред средбата со полскиот претседател Лех Качински.

Четиричасовна средба на Меркел и Качински

Bundeskanzlerin Angela Merkel, Polen Präsident Lech Kaczynski
Ангела Меркел и Лех КачинскиФотографија: AP

Но оваа средба очигледно не донесе резултати. Портпарол на германската влада доцна синоќа само излјавил дека четиричасовната срдба во замокот Месеберг поред Берлин минала во добра атмосфера. Од Варшава денеска пристигнува веста за изјавата на претседателот на Полска дека решение не е на повидок „Во моментов и двете страни остануваат на своите позиции“ рекол полскиот претседал Качински потенцирајќи ја обостраната волја европскиот самит во Брисел во четврток и петок да заврши успешно по прашањето: иднината на европскиот устав.

Германска дипломатска офанзива низ Европа

Официјален Берлин пак ги продолжува подготовките за самитот. Канцеларката денеска на пладне се среќава со чешкиот премиер Мирек Тополанек. Чешка на почетокот покажуваше симпатии кон полската позиција, договорениот пакет реформи одново да се разгледа за да се промени моделот за гласање во корист на помалите и средни по големина држави на Унијата. Но во меѓувреме Прага се откажува од оваа идеја. За попладне во Луксембург пак е планирана средба со премиерот на Жан Клод Јункер, што за канцелаката во споредба со другите средби е лесен термин. Имено Меркел со премиерот Јункер ќе ја разгледаат стратегијата за наредните денови. Јункер на минатите самити има одиграно клучна улога, а впрочем го подржува и ставот на канцеларката дека треба „Да се преземе секој обид, сите да ги усогласат ставовите и никој да не тргне настрана.“ смета Меркел

За уставот дебатираат и минстрите

Во Луксембург вечерва се среќаваат и европските министри за надворешни работи. На средбата ќе се обидат да ги надминат сите пречки за усвојување на наследникот на европскиот устав. Притоа ќе стане збор за повелбата за оновни права, која за уставот треба да биде поврзана само преку указ, но нема повеќе да се појавува во текстот.

На самитот на ЕУ наредната недела во Брисел, германското претседателство има намера, да поднесе обврзувачки план за натамошниот тек за усвојување на поедноставена верзија на европскиот устав, за кој треба да се спогодат сите земји членки на Унијата.