1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ригорозни мерки против безредијата во италијанскиот фудбал

6 февруари 2007

Во минатата година за време на светското фудбалско првенство во Германија, дел од публиката искажа незадоволство од наводно престрогите мерки за безбедност. Но, по последните безредија во Италија, се покажа дека незадоволниците не биле во право. Сега реагира дури и владата во Рим.

https://p.dw.com/p/Aegg
Дали требаше да има жртва за да реагира владата?
Дали требаше да има жртва за да реагира владата?Фотографија: AP

Во иднина публика ќе има само на оние стадиони што се сигурни, соопшти италијанскиот министер за внатрешни работи Џулијано Амато, по кризната средба вчера во Рим:

„Ќе се игра без публика на оние стадиони што не ги исполнуваат важечките законски прописи. На другите публиката смее да доаѓа„.

Тоа значи дека кога првата лига повторно ќе започне, најголемиот број натпревари ќе се играат пред празни трибини. Според извештаите на италијанските медиуми во моментов само шест стадиони од серија А ги исполнуваат актуелните безбедносни стандарди. Тоа се стадионите во Рим, Торино, Ѓенова, Палермо, Сиена и Месина. На другите, меѓу нив и оној во Катанија каде што во минатиот викенд дојде до крвави судири, меѓу другото, им недостигаат видео камери и електорнска контрола на влезниците. Обете мерки се пропишани со закон од пред две години, меѓутоа на засегнатите екипи досега секој месец им беше издавана специјална дозвола. На тоа му дојде крајот, изјави министреката за спорт Џована Меландри:

„Стратегиската цел гласи: запирање на насилството во спортот. Овојпат тоа сериозно ќе го направиме„.

Безбедносниот степен за забрана за играње на стадионите во иднина се спупшта на пониско ниво, соопшти министерот Амато:

„Забраната за играње на некој стадион може да стане и мерка за предупредување дури и ако пости само знак дека некоја личност може да биде опасна. Оваа мерка може да биде користена и против малолетници„.

Ова за владата е посебно важно откако во безредијата во Катанија учествуваа и групи малолетници, таканаречените бејби - гангови. Владата најави и прекинување на контактите на клубовите со сите организирани навивачки групи.