1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Робустен стопански пораст во Германија

19 октомври 2007

Стопанскиот пораст во Германија годинава ќе изнесува 2,6 насто, предвидуваат водечки економисти во традиционалната есенска анализа на стопанските текови во земјата и во светот. Позитивни и другите факти

https://p.dw.com/p/BsT3
Извозот сјајен, но го загрозува јакнењето на евротоФотографија: DW-TV

“Повторно значително на нагорен тренд е приватната потрошувачка, оти со натамошното подобрување на ситуацијата на пазарот на работна сила чувствително се зголемија приватните приходи. И од странство треба повторно да дојдат малку посилни импулси, особено и затоа што во европскиот простор во моментов внатрешната побарувачка добива на динамика” – рече Ролан Дерн од Рајнско-вестфалскиот институт за економски истражувања од Есен при претставувањето на анализата.

Прогнозите за стопанскиот пораст во наредната година се 2.2 насто. Кризата во САД придонесува за слабеење на досега сјајниот германски извоз. Торстен Шмит, колега на Дерн, укажа: “Секако најголем ризик за стопанскиот развој е можноста натамошно и значително подолго да се развлече кризата со недвижнини во САД. Со натамошен пораст на вредноста на еврото спрема доларот би можеле рецесивните тенденции во Америка да бидат експортирани во европскиот простор".

По позитивните прогнози од есенскиот извештај на економските истражувачи од водечките институти, канцеларот Ангела Меркел оцени: “Есенската анализа ни покажува дека би можеле да сме на пат на робустен пораст и истовремено покажува дека мораме да продолжиме со напорите и мораме да правиме натамошни реформи”.

Сабине Кинкарц