1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роже Федерер влегува во историјата на Вимблдон

4 јули 2005

Швајцарецот трет пат по ред најдобар на неформалното светско првенство во тенис

https://p.dw.com/p/Aekn
Фотографија: dpa

„Ова е фантастично . Повторно успеав и сеуште не можам да верувам , бидејќи е толку убаво . Ова е најголемиот турнир во светот и е апсолутно фантастично “

Најдобриот тенисер во светот во моментов , Роже Федерер направи подвиг на Вимблдон и сезапиша во книгата на рекорди на неформалното светско првенство во тенис на терените во Вимблдон. Само Бјорн Берг и Пит Сампрас пред него успеале трипати по ред да ја освојат круната најзначајниот тениски турнир во годината. На Федерер му се допаѓа друштвото:

„ Тоа едобро . Сампрас беше еден од моите најомилени играчи на сите времиња исто како и Берг , тој беше фaнтастичен“

Федерер втора година по ред во финалето на Вимблдон е поуспешен од Американецот Енди Родика . Оваа година со 3: 0 , во еден фантастичен ритам , кој полека но сигурно го разоружуваше Родик кој најсилен отпор даде во вториот сет , кој заврши со тај брек во полза на Федерер.

„ Понекогаш се влегува во зона во која помислуваш дека повеќе ништо погрешно не може да се случи . А токму така се чувствував во некои периоди од денешниот ден“ - се обиде да ја опише својата мотивирана и константно добра игра во финалето светскиот тенисер број еден. Таа имено не беше пореметена ниту од 25 минутната пауза , меѓу вториот и третиот сет. Федерер продолжи со исто темпо и докажа дека е крал на терените на трева .

Тој не успеа да ги освои првите два гренд слема годинава кои се играа во Австралија на тврда подлога и во Франција на земјена подлога но затоа докажа дека на тревните терени на Вимблдон засега му нема рамен:

„ Да некако тревата е добра за мене . Не знам што да кажам, едноставно сум многу среќен. Бев малку загрижен во полуфиналето и пред финалето . Ова е големо олеснување за мене “- изјави триумфално Федерер по третата титула во серија на Вимблдон.

Во женското фимнале на турнирот пак , титулата исртотака по третпат но сепак не во серија ја однесе Венус Вилијамс . Таа во најдолгиот меч во историјата на женскиот дел од турнирот ја совлада Линдзи Девенпорт , првопласираната на светската ранглиста на тенисерки.

Во денешниот преглед на спортските случувања во викендот од Англија се селиме преку каналот Ламанш . На патеката во Мани Кур вчера се возеше трката за големата награда на Франција во Формула 1.

Водечкиот во вкупниот пласман во овогодинешната сезона , Шпанецот Фернабдо Алонзо беше убедлив оставрувајќи ја својата петта победа сезонава . Возачот на Рено трката ја започна од пол позицијата и доминантно ги извозе сите кругови до целта .

На втората позиција се пласираше , Кими Рајконен, возачот на Мекларен кој истотака се наоѓа на второто место во генералниот пласман сега со 24 бодови заостанување зад Алонсо.

Актуелниот светски првак Михаел Шумахер ја заврши трката на третотот место . Германецот кој настапува за Ферари меѓутоа пропушти можност да стане првиот возач во историјата кој осумпати едноподруго победувал на истата патека .

Вчерашната трка меѓутоа беше прва во последните 22 години на која победи возач на домашниот тим Рено.

Во конкуренција на конструктори по десет трки сезонава во Формула еден води токму Рено со 89 бодови , додека Мекларен се наоѓа на второто место со 71.

Според редот на нештата сега би требало да останеме во Франција , каде што започна највозбудливата велосипедска трка во светот или своевидниот пандан на Вимблдон во велосипедизмот Тур Д Франс . Но за првите два дена возбудувања на француските патишта во режија на најдобрите светски велосипедисти по информацијата во која се длабоко испреплетени спортот , бизнисот и политиката .

За неполни 48 часови во Сингапур делегатите на Меѓународниот Олимписки Комитет треба да ја донесат конечната одлука на кој град ќе му ја доделат организацијата на Летните Олимписки Игри во 2012 година . Во игра се имено кандидати од супетешка категорија . Лондон, Париз, Њујорк , Мадрид и Москва имаат зад себе се што е потребно , соодветно искуство, бизнис подршка , политичко лобирање. Во кулоарите на сингапурските хотели веќе се шетаат менаџери , кралици , премиери со цел да го направат последниот одлучувачки притисок врз делегатите на МОК во полза на својот град. Во Сингапур вчера допатува и британскиот премиер Тони Блер:

„ Мислиме дека тоа ќе бидат извонредни игри за спортистите и тие ќе бидат наследство не само за спортот во Велика Британија туку и за олимпиското движење истотака . Јас сум тука да кажам дека кандидатурата на Лондон со голем ентузијазам е подржана од Британците од сите политички партии , од Владата. Целата земја стои зад неа“ – порача Блер .

Најсериозен противкандидат на Лондон според обложувалниците е Париз , градот кој како и во секој јули ќе биде домаќин на последната етапа на легендарниот Тур д Франс . И оваа година сите очи на легендарната велосипедска трка се вперени во Ленс Армстронг , кој ќе се обиде во својот како што најави последен настап на трката да ја освои својата седма титула .

Ова е истотака и последна шанса за германскиот велосипедист Јан Улрих истотака освојувач на Тур де Франс во директен дуел да го совлада Јенс Армстронг. По првите две етапи кои се возеа за време на викендот Армстронг се наоѓа на второто место веднаш зад носителот на жолтата маичка Дејвид Забриски . Улрих е на осмото место и заостанува цела минута зад Армстронг Тој во втората етапа успеа да го поправи впечатокот по практично катастрофалниот прв ден и прологот од 19 километри по кој многу заостана зад водечките:

„ Мислам дека она вчера беше мал хендикеп , додека пак денеска повторно се чувствувам значително подобро за разлика од вчера кога бев навистина потиштен“