1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

091211 Bettelmafia Rumänien Köln

17 декември 2011

Во многу германски градови во последната година е регистрирано зголемување на криминалот и просењето. Пред се’ активни се бандите од Романија кои организираат просење.

https://p.dw.com/p/13Pjs
Фотографија: picture-alliance/ ZB

Платото пред катедралата во Келн. Маса луѓе постојано минуваат покрај готската катедрала и редовно се сопнуваат од „статуите“ кои неподвижно чекаат да им биде фрлена по некоја паричка. На секое звечкање на паричките, културно се заблагодаруваат на германски јазик. Но меѓусебе, за време на „работните паузи“ зборуваат на романски јазик. „Живите статуи“ се секојдневие не само на улиците на Келн туку и во централните подрачја на другите германски градови.

Германски и романски полицајци вршат контроли

Од летото 2010 година властите во Германија се конфронтираа со овој феномен, кој им е познат уште од 90-те години: банди кои организираат просење и криминалци од југоисточна Европа, претежно од Романија се активни ширум Германија, особено во Келн. Кристоф Гилес портпарол на полицијата појаснува дека шест проценти од кривичните дела што ги извршиле странци, се од романско потекло. Оваа есен Гилес придружуваше двајца романски полицајци, кои заедно со германските колеги беа ангажирани во центарот на Келн. Резултатот на акцијата може да се види, истакнува Гилес, имено беа откриени повеќе прекршоци што ги сториле романски државјани.

Deutschland Bettel-Mafia in Köln
Граѓаните на Келн се жалат од агресивните просјациФотографија: BILD-Zeitung / Mario Jüngling

„Овде имавме надрегионална криминална банда, која навечер изврши грабеж во домот на постар пар во Келн. Сторителите биле откриени од сениорите во моментот кога го извршувале грабежот, но брутално ги претепале, ги заврзале и ограбиле. Оваа банда ја откривме и дури успевме да докажеме дека извршиле 18 дела, предизвикувајќи штета од околу 100.000 евра. Четири лица добија затвор.“

Гилес има информации за уште една друга банда од Романија. Седдумината членови се упасени. Тие извршиле 32 грабежи и предизвикаа штета од 600.000 евра. Две други лица пак се во истражен затвор. Тие во периодот од ноември 2010 до април 2011 ограбиле повеќе од 100 банкомати во центарот на Келн.

Symbolbild Betteln Bettler Gabe
Просјаците не ги задржуваат парите за себе, туку работат за „газди“Фотографија: picture-alliance/ dpa

Информацијата дека романски полицајци се активни во Келн делуваше превентивно. Според келнската полиција во меѓувреме е намален бројот на ромски државјани кои извршиле казнено дело. Соработката со одговорните романски власти, пред се’ со конзулатот на Романија во Бон е многу добра, истакнува портпаролот на полицијата Гилес. Досегашните кривични дела не се третираат како „организиран криминал“. Од другастрана, меѓутоа, тоj зборува за организираноста на бандите за просење, но за нив е одговорна службата на градот.

Бандите за просење го контролираат центарот на градот

Факт е дека во последно време многу граѓани на Келн се жалат на агресивните просјаци во центарот на градот. Неодамна телевизија ВДР емитуваше репоратажа од просјак кој видливо криви на едната нога, но недајено тој ја префрлува штаката во другата рака и почнува да криви со „здравата“ нога. Роберт Килп, раководител на градската служба во Келн знае дека повеќето агресивни просјаци доаѓаат од источна Европа. Во прва линија нив ги контролираат организации од Романија и Бугарија, вели Килп. Шефовите возат елеганти автомобили, а просјаците ги сместуваат во импровизирани станови: „Заклучивме дека во еден стан во подрум или на поткровје живеат и до 20 луѓе. Овие лица или просат или делумно изведуваат и криминални дела.“

Taschendiebe Köln
Роберт Килп, шеф на градската управа во КелнФотографија: DW/Cristian Ştefănescu

При обиколка на центарот на Келн овие луѓе веднаш може да се видат. Очигледно одамна ги имаат избркано локалните бездомници и ги запоседнуваат најдобрите места: пред стоковните куќи, на прометните улици, пред кафулињата.

„Пред катедралата во Келн не смее да проси никој, кој својот паричен прилог не го дава на романската мафија“, вели еден жител. Тој потекнува од Романија, но веќе 20 години живее во Келн. Честопати разговарал на мајчиниот јазик со овие „живи статуи“. Просењето во Германија не е ниту казниво дело, ниту претставува прекршок. Меѓутоа агресивното просење им пречи на многумина, вели овој човек. „Ако немаат успех со просењето честопати добиваат упатства од своите, кои неупадливо стојат настрана и тивко довикуваат ’види што е со неговиот паричник’“.

Taschendiebe Köln
Платото пред катедралата во Келн - место каде оперира романската мафијаФотографија: DW/Cristian Ştefănescu

Пари на просјаците не им остануваат, вели раководителот на келнската градска служба. „Луѓето по правило не профитираат од тоа што ќе испросат пари, туку мора да ги предадат. Тоа се одвива многу брзо преку банките во близина на железничката станица. Парите се префрлаат во Букурешт или Софија“, вели Роберт Килп. Полицијата утврдила, дека во рок од еден час по трансферот на пари сумите во Бугарија и Романија ги подигале т.н. „шефови на клановите“.

Келн - Шилдергасе, од секаде одекнуваат познатите божиќни песни, изведени на хармоника, кларинет или жичани инструменти. На платото пред катедралата, „статуите“ треперат од студениот воздух и се надеваат дека во време на празници многумина ќе ги отворат не само своите срца туку и паричниците.

Автор: Кристијан Стефанеску/ Александра Трајковска

Редактор: Ж.Ацеска