1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Романтичното возење со фијакер полека заминува во историјата?!

Сузане Глас / Александра Трајковска 29 јуни 2012

Со своите кочии во центарот на Виена тие ги усреќуваат туристите кои сакаат да бидат побогати за едно доживување: возење со вистински виенски фијакер. Но дали ним им се заканува изумирање поради заштитата на животните?

https://p.dw.com/p/157Zg
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Валтер Штолба е сопственик на коњот Принц и возач на фијакер во Виена: „Ова не е професија за која може да се каже: во ред, ќе станам тоа, туку тоа е вистинска внатрешна определба. Убаво е што се работи со луѓе, на кои можете да им причините задоволство, да им ги објасните различните знаменитости со помалку виенски шарм. И кога луѓето ќе излезат и ќе кажат, тоа ми се допадна, тоа причинува задоволство.“

Меѓутоа патот до работното место покрај катедралата Штефансдом е макотрпен. Пробивањето низ главните сообраќајници низ градот трае речиси еден час. За тоа се потребни добри нерви - особено на коњите.

„Кога коњите се водат, одиме по двајца за еден да може да помогне, да скокне, да ги држи и смири коњите, некои се побавни некои побавни, како и луѓето.“

Уште татко му на Валтер Штолба возел фијакери. Со 16 коњи и повеќе вработени тој денес е еден од најголемите превозници. Некои имаат само два коња и една кочија, други и по 40 животни. Конкуренцијата е голема, затоа за да се привлечат муштериите се потребни добри идеи.

„Кога идниот младоженец ќе нарача кочија, се оди на горниот пазар и таму стои брачниот бунар. Јас им нудам такво возење. Тие таму се симнуваат. И девојката или дамата тогаш целосно е обземена и тој ја бара за жена. Секогаш е интересно да се гледа што прават, што велат.“

Но никој не знае уште колку долго ќе постојат роматничните возења со фијакер во Виена. Имено, на Штефансплац тие стравуваат за нивната егзистенција. Градот Виена дневно дели 58 карти за паркирање за вкупно 170 кочии. Од април годинава новата градска управа на Виена доделувањето на местата го врза за строги прописи: возењето се скратува. Коњите мора да бидат хранети во строго определено време. Еден коњ смее максимално секој втор ден да биде зауздан.

„Проблем од агол на заштитниците на животната средина во прва линија беше со работните места, потоа беше проблемот со хранењето, тешко можеше да се провери дали за животните е гарантирано време за одмор, колку работеле, исто што се однесува и до обуката за влечење кочија, на некои места имаше недостатоци и сега со ова се регулирани некои работи“.

Возачите на фијакери, напротив, велат дека одредбата не донесува подобрувања за заштита на животните, но ја загрозиле егзистенцијата за претпријатијата кои со малку коњи се помалку флексибилни, отколку што можат да реагираат големите претријатија и сега смеат да работат само секој втор ден.

Österreich Architektur Oper in Wien
ВиенаФотографија: Fotolia/caamalf

„Во јавноста не претставуваат како мачители на животните, што не е точно. Виенските возачи на фијакери постојат веќе 300 години и секој е горд на своите коњи и кочии. Никој не може да си дозволи да вози со болни коњи, ние самите гледаме што се случува со нашите коњи.“

„Се повикуваат на приказната за заштита на животните оти ние сме мали претпримачи со само два коња и со нив наводно возиме 365 денови во годината. Тоа се разбира е целосна глупост, оти сопругата би ме прашала дали сум луд ако возам седум денови во неделата. Возев само пет денови во неделата. Имам две кобили и еден коњ, што значи со кобилите возев три дена, со коњот четири. Сега моите денови се преполовени. И картите за место, кои ни се земени нам, на малите претприемачи, половина им се распределени на големите.“

Дали влијателни претрприемачи меѓу возачите на фијакери во Виена извршиле притисок врз градот за построги определби за да ја подобрат својата позиција на пазарот? Дали е ова типична виенска интрига? Или навистина е се’ во името на заштита на животнтие?

Туристите за овие проблеми не знаат ништо. 80 евра чини 40 минути возење со фијакер. Цената е единствена за сите и ја одредува градот.

„Oh we loved that! It was absolutely wonderful!”, велат одушевено туристите од Тексас, фалејќи го прекрасното возење низ градот со романтични кочии. Проблемите Валтер Штолба и неговите колеги ќе ги задржат за себе, оти честопати и тешко може да се разберат.