1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромни конечно поднесе даночна пријава

ЕМФ/дв22 септември 2012

Кандидатот за американски претседател Мит Ромни по огромниот притисок дозволи поглед во неговите финансии. Во 2011 година тој заработил речиси 14 милиони долари и за тоа платил 1,9 милиони долари данок.

https://p.dw.com/p/16Cg0
Фотографија: Getty Images

Приходите на републиканскиот кандидат за претседател на САД доаѓаат пред се‘ од инвестиции, дивиденди и приходи од камати, кои во САД се оданочуваат значително пониско отколку личниот доход. Освен тоа, Ромни и неговата сопруга Ен за добротворни цели донирале околу четири милиони долари.

Кандидатот поднесе и збирен извештај за неговите даноци во изминатите две децении. Мит Ромни, кој е противник на Барак Обама на претседателските избори во ноември, беше жестоко криткуван поради тоа што не ги објавуваше своите даночни пријави. Тој имаше објавено единствено дека во 2010 година платил данок на приходи од околу 22 милиони долари. За 2011 година Ромни не се изјаснуваше. Тоа ги подгреваше шпекулациите дека можеби „паркирал“ пари во даночни оази.

Првиот човек на демократите во американскиот Сенат, Хери Рид дури тврдеше дека Ромни повеќе години не плаќал никаков данок, но за тоа не обелодени докази. Во САД е вообичаено кандидатите за претседател да ги објават своите даночни пријави.

Инаку, Ромни како мормон е обврзан да дава десет проценти од приходите за неговата црква. Според објавените податоци, тој минатите две години префрлил 4,1 милион долари на неговата црква, што соодветствува на 9,7% од неговите приходи. Во САД, инаку, не постои црковен данок. Богатството на Ромни се проценува на 190 до 250 милиони долари.