1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Рударска несреќа во Сибир, 46 рудари заглавени под земја

ЖА / агенции
25 ноември 2021

Во голема рударска несреќа во Сибир загинаа најмалку единаесет луѓе, а 46 се уште под земја, со нив не постои контакт.

https://p.dw.com/p/43Rxu
Russland | Unglück im Listvyazhnaya Kohlebergwerk
Фотографија: Kemerovo Region Branch of the Russian Emergencies Ministry/TASS/imago images

Во рудник за јаглен во западниот дел од Сибир се случи експлозија во која животот го загубиле најмалку единаесет рудари, а повеќемина се повредени. Во јамата уште се наоѓаат 46 рудари, со кои засега не постои контакт, соопшти гувернерот на областа Кемерово, Сергеј Зивиљов. Од окното на рудникот во меѓувреме се спасени 237 работници, повеќе од 40 од нив се пренесени во болница, соопшти Службата за цивилна заштита.

Во утринските часови денеска во рудникот дошло до експлозија, на длабочина од 250 метри, за која причините засега не се познати.

Нејасна е ситуацијата и на заглавените рудари во рудникот, влезовите биле полни со чад, сведочат работниците. Спасувачките екипи се обидуваа да стигнат до рударите, но поради опасност од експлозија, нивната работа е прекината. Во Листвачнаја рудникот во близина на Белово и порано доаѓаше до тешки несреќи, во експлозија на метан во 2004 година загинаа 13 лица.

Russland | Listvyazhnaya Kohlebergwerk
Во 2004 година се случи несреќа во рудникот ЛиствачнајаФотографија: YURI YURIYEV/AFP

Работата во ископот на јаглен во Русија се смета за високо ризична по живот, поради елементарни непочитувања на сигурносните прописи често се случуваат несреќи, меѓу другото експлозија на метан гас. Овој лесно запаллив гас се ослободува при работата во рудниците, а при недоволна вентилација се собира во ходниците.