1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рудолф Блехшмит на пат кон Германија

11 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bp6l

Германецот Рудолф Блехшмит кој по три месеци заложништво во Авганистан синоќа беше ослободен се наоѓа на пат кон Германија. Веста ја потврди германската амбасада во Кабул. Блехшмит беше ослободен во провинцијата Вардак во замена за петмина авганистански затвореници. Тој бил во добра психофизичка состојба. Германската канцеларка Ангела Меркел изрази благодарност за напорите на кризниот штаб на министерството за надворешни работи и властите во Кабул за ослободување на заложникот.