1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија – Австралија - уран

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BdQQ

Австралија ќе и‘ испорачува на Русија уран за потребите на нејзините атомски централи. Спогодбата за ова ја потпишаа австралискиот премиер Џон Хауард и рускиот претесдател Владимир Путин на маргините на самитот на АПЕК што се одржува во Сиднеј. Договорот исклучува натамошна препродажба на уранот на трети земји, како и негово користење во воени сврхи. Австралија располага со 40% од светските резерви на уран.