1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија го става под прашање легитимитетот на раководството во Киев

АТ/ дпа/афп/ртр/макфакс/ дв24 февруари 2014

Русија се сомнева во легитимитетот на новото украинско раководство. Германија полага на стабилна Украина од политички и економски аспект.

https://p.dw.com/p/1BEdP
Фотографија: Reuters

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, денеска истакна дека владата во Русија се сомнева во легитимитетот на новото раководство во Украина откако од позицијата претседател на државата беше отповикан Виктор Јанукович. Признавањето на власта по политичкиот пресврт во Киев од страна на западните држави било „отстапување од нормалата“ изјави рускиот премиер Медведев. Конечно преодната влада била „во реалноста резултат на вооружен револт“. Руското министерство за надворешни работи претходно го критикуваше „заземањето на власта“ од страна на опозицијата.

Владата во Москва се закани, доколку Украина економски сепак потесно се врзе за ЕУ, Русија би морала повторно да ги зголеми увозните царини. Мерките за помош од Москва зависеле од идниот курс на Киев. Кога станува збор за продолжување на примената на договорот за увозот на поевтин гас од Русија во Украина, Медведев истакнал дека по однос на оваа точка владата во Москва ќе мора да преговара со украинските компании. „Договорите кои се законски обврзувачки мора да се почитуваат. Ние не соработуваме со поединци или само со одредени луѓе, ова е прашање на меѓународните односи“, рекол Медведев.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Украина по смената на власта да се заложи за задржување на целоста замјата. Одговорните при формирањето на новата влада треба да го имаа в предвид и прорускиот исток и југ на земјата, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт во Берлин укажувајќи на телефонските разговори на канцеларката Меркел со украинските политичари. Тој истакна дека од интерес на сите е да се стабилзиира Украина не само политички туку и економски.