1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Русија исклучена и од Параолимпијадата во Пјеонгчанг

СН/ агенции
29 јануари 2018

Меѓународниот параолимписки комитет донесе иста одлука како и Меѓународниот олимписки комитет: Русија е суспендирана од Параолимпијадата во Пјеончанг. Исклучоци, меѓутоа, ќе бидат можни.

https://p.dw.com/p/2rhnI
Paralympics 2014 - Eröffnungsfeier Russland
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Chirikov

Меѓународниот параолимписки комитет (МПК) го следеше примерот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и на одбрани руски атлетичари им дозволи учество на Зимските параолимписки игри во Пјеонгчанг од 9 до 18 март годинава. МПК денеска соопшти дека останува на одлуката за исклучување на Националниот параолимписки комитет на Русија (РПК), но оти спортисти од земјата кои докажано се чисти од допинг смеат да настапат под неутрално знаме. ИПК смета на учество на 30 до 35 руски спортисти во Јужна Кореја.

Повеќе на темата:

-Руските спортисти под неутрално знаме на Олимпијада

-Руските параолимпијци без учество во Рио!

-Русија обвинета за систематски допинг

Руските спортисти инаку беа целосно исклучени од летната Параолимпијада во Рио де Женеиро во 2016 година. Меѓународниот олимписки комитет исто така го исклучи Рускиот олимписки комитет од Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг од 9 до 25 февруари, но досега покани 169 руски спортисти кои важат за чисти од допинг. Тие смеат да настапат под неутрално знаме и без химна.

Russland Winter Paralympics 2014 russisches Team
Фотографија: Getty Images/H. Peters

„Значителен напредок“

ИПК, на чело со новиот претседател Ендру Парсонс исто така ја остави отворена оваа задна врата. „Иако РПК останува суспендиран, тие направија значителен напредок. Тоа мора да го признаеме“, изјави Парсонс. 

Инаку, на претходните Зимски параолимписки игри во домашниот Сочи руските спортисти доминираа на листата на освоени медали. Со 30 златни, 28 сребрени и 22 бронзени медали, односно вкупно 80 места на подиумот за медали, тие го освоија првото место пред Германија.