1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија и САД без заеднички јазик

13 октомври 2007

Русија и САД при преговорите во Москва не успеаја да се усогласат околу спорните планови за американскиот антиракетен одбранбен штит во Средна Европа.

https://p.dw.com/p/BqbY
Рајс и ПутинФотографија: AP

Обидот на аметиканската делегација да ја убеди Русија во нужноста од ваков систем во Полска и во Чешка,пропадна.Навистина,и американската министерка за надворешни работи Кондолиз Рајс ,како и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров разговорите ги оценија за ефективни, но кои не отвораат нов пат:

"Како и претходно,не сме согласни во проценката на опасноста од стационирање можни ракети во други земји",изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

За разлика од Америка,Русија не верува во постоењето на заканувачки ракетни системи во Иран и Северна Кореја.А дури тие и да постојат,многу поефикасно би било користењето заедничка радарска станица во Азербејџан и ракетниот ситем за рано предупредување во Јужна Русија,смета руската страна.

Гејтс:системот во Азербејџан не е алтернатива

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс потенцираше дека двата системи можат да бидат дел од една одбранбена стратегија.Но,тие не се алтернатива за радарскиот систем во Чешка или за станицата за ракетна одбрана во Полска.Затоа,дополни Кондолиза Рајс,и натаму се преговара со Чешка и Полска:

"Ние во секој случај се соочуваме со стравувањата на руската страна,што се однесува на карактерот на одбранбениот систем,како и опасноста од ракети од Иран.Мислиме дека можеме да ги растераме сомнежите."

Русите инсистираат на своето право на заштита

Одговорот од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров стигна брзо и недвосмислено.Транспарентноста сама не е доволна

"Нашите американски колеги не уверија дека т.н. трет одбранбен круг не е насочен против Русија.Од друга страна,признават дека за нас постои потенцијална опасност.Ние повеќепати потенциравме дека ќе преземеме мерки за неутрализирање на оваа опасност."

Дека Русите нема да се двоумат да преземат мерки,укажа и претседателот Владимир Путин уште вчера утрото.Тој се закани дека Русија ќе истапи од договорот за ракети со краток и среден дострел,склучен пред 20 години меѓу САД и Русија.

Путин објасни дека не е можно одредени земји да смеат да поставуваат ракети на границите на Русија,а неа тоа да и биде забрането.Путин ја предупреди американската страна да не ги форсира преговорите со Чешка и Полска се додека сеуште траат разговорите со Русија.Рајс и Лавров ќе се сретнат во наредните шест месеци во Америка на натамошни разговори.