Русија – нафта за Германија
24 август 2007Реклама
Русија призна дека има тешкотии во испорката на нафта кон Германија. Руската фирма што ги газдува нафтоводите, Транснефт, одговорноста за тоа ја префрли врз нафтениот концерн Лукоил, кој во изминатите три месеци ги намали испораките за една третина. Претходно бранденбуршката рафинерија Швет јави за нестабилност на количествата која сепак не е драматична.