1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија нема да им помогне на приватните штедачи на Кипар

ЖА/ртре1 април 2013

Руските власти нема да им помогнат на руските граѓани кои ќе загубат пари во кипарски банки. Руската држава жали ако дојде до таква загуба, но не сака да се вклучува во ваква ситуација.

https://p.dw.com/p/187fY
Фотографија: imago/imagebroker/begsteiger

Руските власти нема да преземат акции ако руски граѓани губат пари кои ги чуваат во кипарски банки. Тоа го изјавил вицепремиерот Игор Шувалов во телевизиско интервју, како што пренесува новинската агенција Интерфакс.

„Ќе биде многу тешко ако некој биде погоден и загуби пари, но руската влада нема да направи ништо во таква ситуација“, изјавил тој.

Според Шувалов, Руси држат во Кипар „разни пари-за кои се платени даноци и пари за кои не се платени даноци“.

Владата ќе преземе мерки ако бидат погодени средства на руски државни компании, тврди Шувалов. Според Мудис, во кипарски банки има околу 30 милијарди долари од компании од Русија.

Во рамките на финансискиот спасувачки пакет за Кипар, коминтентите на најголемата, Банка на Кипар, треба да се подготвени на загуба од 60 проценти од влоговите над 100.000 евра. Многумина Руси минатите години вложија свои пари на островот, членка на ЕУ, привлечени од ниските даноци, високите камати и лабавите контроли. Преку досега единствениот пример на учество на богатите клиенти на банките во спасувачкиот пакет, се чини дека деновите на Кипар како даночен рај се избројани.