1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СТО: Русија се жали од Европската Унија

СН/ам/афп/миа/ртр24 декември 2013

Русија за првпат по нејзиниот прием во 2012. поднесе жалба во Светската трговска организација. Владата во Москва со тоа се спротистави на увозните даноци воведени од Европската унија за цела редица руски производи.

https://p.dw.com/p/1AgLt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Русија во Светската трговска организација (СТО) го оспори данокот на ЕУ воведен за повеќе видови руска стока која се увезува во Унијата. Основа на одлуката на ЕУ е проценката дека индустриските земји имаат корист од увозот на руската стока која е поевтина, бидејќи во Русија цените на енергeнсите се пониски отколку на Запад.

Ова е прво такво барање на Москва од пристапувањето на Русија во СТО во август 2012 година.

Русија смета дека нејзината индустрија „поради предрасуди“ е оштетена за „стотици милиони долари годишно“, така што Брисел воведе „корективна енергетска такса“ на низа видови увозна стока, вклучувајќи производи за металургија и вештачко ѓубриво од Русија.

Консултациите кои сега ги покрена Москва, се прв чекор на постапки СТО низ договор да најде решение во рок од 60 дена, односно до 22 февруари. Ако договор нема, ќе биде формирана група експерти, која ќе треба да донесе одлука во врска со жалбата на Русија.

ЕУ во јули оваа година покрена таква постапка поради руските „даноци за рециклирање“ на увозни возила.