1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија се прости од загинатите хокеари

10 септември 2011

Илјадници луѓе дојдоа на погребот на трагично загинатите хокеари, меѓу нив и рускиот премиер Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/12Wcx
Фотографија: dapd

Околу 100 илјади луѓе се збогуваа денеска со загинатите хокеари на „Локомотива" во Јарослав, соопштија од руското Министерство за внатрешни работи.

И по завршувањето на погребот луѓето останале на плоштадот пред салата „Арена 2000“, и аплаудирале извикувајќи „Локо!Локо!Локо!“, а од стотици звучници грмеле звуците на локомотива.

Авионот од типот „Јак-42“, со кој патуваше комплетниот тим на хокеарскиот клуб „Локомотив“ од Јарослав на 7-ми септември се урна кусо по полетувањето распарчувајќи се на неколку делови, од кои едниот падна во реката Волга.

Екипата леташе за Минск за натпревар од регуларниот дел од сезоната во Континенталната лига со тамошниот „Динамо“. Во авионската несреќа загинаа сите 45 лица, 37 хокеари и членови на управата на клубот, како и осум членови на екипажот.

Преживеаните се‘ уште во критична состојба

Trauer nach Flugzeugabsturz in Russland
Фотографија: picture-alliance/dpa

Несреќата ја преживеаја хокеарот Александар Галимов и интендантот Александар Сизов, но и двајцата се критична состојба.

Погребната церемонија започна денеска наутро (10.09) во соборниот храм Успение во Јарослав, каде што роднините, жителите, и многуте гости се простуваа од загинатите хокеари. И покрај силниот дожд поради масата луѓе, церемонијата продолжи шест часа, наместо предвидените четири.

Рускиот премиер Владимир Путин присуствуваше на погребната церемонија, а покрај него беа и министерот за внатрешни работи Рашид Нургалиев, министерот за спорт Виталиј Мутко, претседателот на Меѓународниот федерација за хокеј на мраз, Рене Фазел, познатите поранешни руски репрезентативци сега во својство на претседател на руската хокеарска репрезентација Владислав Третјак и директори на Континенталната хокеарска лига,  Александар Медведев и Вјачеслав Фетисов.

На погребната церемонија присуствуваа и комплетните состави на повеќето руски клубови и претставници на клубовите кои се натпреваруваат во Континенталната лига.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска