1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија треба да се модернизира

22 ноември 2009

По претседателот Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин бара модернизација на Русија. На партискиот конгрес на Обединета Русија Медведев ја повика и владејачката партија на реформи.

https://p.dw.com/p/Kco0
Владимир Путин со поддршка за реформски курсФотографија: AP

Неединство? Разлики? Разделба? - рускиот премиер не сака ни да чуе за ова. Владимир Путин на партискиот конрес на Обединета Русија демонстративнио застана зад рускиот претседател. Дмитриј Медведев со прво истакна дека е „неопходна темелна модернизација на земјата“, рече Путин вчера (21.11.2009) на партискиот конгрес во Санкт Петерсбург. „Убеден сум дека овој повик го отсликува расположението во целото руско општество“, подвлече Путин.

Реформи и реформи

Медведев на партискиот конгрес го повтори барањето за реформи. И партијата треба да се промени, доколку сака да иницира промени во земјата. „Партијата мора да се модернизира, мора да биде пофлексибилна и поотворена“, рече Медведев. „Морате да научите да победите во отворена борба“. Опозицијата, неодамна и‘ префрли на владејачката партија изборна измама, откако Обединате Русија на локалните избори во октомври, постигна убедлива победа ширум земјата.

Medwedew auf dem Parteitag von Einiges Russland
Дмитриј Медведев ги критикуваше сопартијцитеФотографија: AP

Претстојат тешки времиња

На партискиот конгрес Путин најави и проширување на помошта за автомобилската индустрија, и предупреди дека на земјата и‘ претстојат „тешки времиња“. Премиерот истакна и дека во тековнава година, руската економија најверојатно ќе забележи пад од 8,5 проценти.

Рускиот претседател Дмитриј Медведв пред десетина дена во говорот до нацијата, повика на модернизација на државата. Русија премногу е зависна од извозот на своите суровини, освен тоа мора да се намали влијанието на политиката врз економијата, критикуваше претседателот. Набљудувачите го оценија говорот на Медведев како негова критика на претходникот Владимир Путин.

Автор: Дик Екерт/афп/ап/дпа/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска