1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија: Убаво време по порачка

Фабијан Шмит
10 мај 2017

Москва со воена парада го прослави Денот на победата, но поради лошо време отпаднаа егзибициите на авиони и хеликоптери. Минатите години на овој ден секогаш светеше сонце, без оглед на метеоролошката прогноза. Зошто?

https://p.dw.com/p/2cgvt
Russland Probe Militärparade in Moskau
Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Вчера Москва го славеше 9 мај, Денот на победата над нацистичка Германија. Во минатите години, секогаш за време на воената парада на празникот, светеше сонце, сеедно какво време и да предвидуваа претходно метеоролозите. 

Познато е дека руското воздухопловство и порано постојано вршеше т.н. „вакцинација“ на облаците, односно модификација на временските прилики. Целта е облаците да го истурат дождот на неколку километри пред градот и над локацијата на одржување на парадата да се создаде дупка за сонцето.

Одеднаш светнува сонце

За време на генералната проба, јави нашиот дописник од Москва, на небото над градот одеднаш светнало сонце. Дождот запрел токму во времето на генералната проба. Се чини, техниката функционира, што не е само по себе разбирливо, односно не секогаш. Зашто, меѓу метеоролозите, модификацијата на временските прилики е спорна. Објавените студии велат дека можностите за влијаење врз временските прилики се многу мали: воздушните движења на небото се исклучително сложена појава и дури и кога се знае кој сегмент од облаците треба да се „испразни“ од дождот, не значи дека над Црвениот плоштад нема да дојде некој друг облак.

Меѓутоа, очигледно пресудна е големината и сложеноста на интервенцијата. Во најдобар случај, техниката може да издејствува локално, ограничено влијание, кое не е трајно. Надежта дека на ваков начин може  целно да се испрати дожд онаму каде што тој е потребен, на пример за земјоделството во сушните области, во минатото се покажала како јалова. Досега не се забележани поголеми успеси ниту во обидите со методите на противградобијна одбрана: преку првоцирање предвремени врнежи да се спречи појава на град или да се намали големината на зрната и со тоа да се намалат штетите од непогодата.

Infografik Wolkenimpfung deutsch

Отров на небото

Сеедно за каква цел, принципот е ист: во облакот се внесуваат вештачки јадра од кристал, на кои потоа ќе се кондензира водената пареа на облакот. Земјоделците ширум светот за таа цел првенствено користеа сребрен јодид кој се топи во ацетон. Најчесто со помош на авион, коктелот се распрснува во облакот и во идеален случај така се создава дожд или град онаму каде не е опасно за земјоделците. 

Која хемикалија ја користеле во Советскиот Сојуз порано, и која сега во Русија, сѐ уште се чини е воена тајна. Сребрениот јодид всушност е отровен и според правилата на ЕУ не смее да се користи, дури не смее да се излева ниту во канализацијата. Во нормални, односно „земјоделски околности“, концентрацијата на сребрениот јодид е толку слаба што на земјата практично не можат воопшто да се најдат трагови од хемикалијата. Но, какви дози користеле во советско време? 

За волја на вистината, денес сребрениот јодид практично воопшто не се користи, зашто постојат многу подобри хигроскопски соли. Околу Москва нема ниту планини кои по правило можат да ги поматат сите сметки со сопствени воздушни струења и влијанија. Се знае и со која брзина дува ветрот и каде отприлика ќе бидат облаците кои ќе дојдат над Црвениот плоштад во точно одредено време. Во принцип, тоа сето е можно, се разбира, следено со бесмислени трошоци, зашто „за секој случај“ треба да бидат третирани цели километри облаци.