1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ја дестабилизира Украина?

2 јануари 2006

Украина остро го критикува запирањето на испораката на гас од страна на рускиот енергетски концерн Гаспром.Со ова Русија започна со дестабилизирање на Украина,се вели во соопштение на украинското Министерство за надворешни работи.

https://p.dw.com/p/AcAB
Кризен штаб во Украина поради гасот
Кризен штаб во Украина поради гасотФотографија: AP

Украина сеуште реагира релативно мирно на рускиот бојкот на испорака на гасот.Има доволно резерви,барем во јануари,се вели во Киев.

Кризниот штаб под раководството на премиерот Јури Јехануров треба да најде решение.Се претпоставува дека или ќе дојде до нов комрпмисен предлог од Украина,или спорот со Русија ќе заврши пред арбитражниот суд во Стокхолм,доколку Русија се реши на тоа.Украинскиот претседател Виктор Јушченко се обидува да делува смирувачки:

-Многу е важно воздржувањето од сите инструменти на политички и економски притисок.Ги молам сите политички сили да се воздржат од тоа.Се надевам дека ќе биде постигнат компромис,рече Јушченко.

Украина меѓутоа во моментов е зависна од рускиот евтин гас,особено енергоинтензивната тешка индустрија.

Гаспром ја прекина испораката на гасот утрото на Нова година.Сергеј Купријанов тоа го соопшти пред новинарите во Москва:

-Засега испораката на гас во правец на Украина ќе биде редуцирана на 120 милиони кубни метри дневно.Тоа значи,ние ја испорачуваме само количината за извоз која транзитно поминува низ Украина,и се надеваме дека Украина ќе се придржува кон транзитните гаранции,изјави портаполот на Гаспром.

Ако Украина користи дел од гасот кој поминува низ нејзините гасоводи за сопствени потреби,тоа би била кражба,се заканува Гаспром со денови.

Значи,доколку дојде до проблеми во испораката за Западна Европа,тогаш виновна ќе биде само Украина,тврди Москва.