1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Руските власти го стегаат обрачот околу Навални

СН/агенции
25 декември 2020

По лажниот телефонски повик на Алексеј Навални до еден од неговите наводни атентатори, руските власти започнаа кривична истрага против една од најблиските соработнички на критичарот на Кремљ .

https://p.dw.com/p/3nDAv
Nemtsova. Interview mit Ljubov Sobol, die Russische Politikerin
Фотографија: DW/ Nemtsova.Interview

Тимот на Алексеј Навални денеска соопшти дека е уапсена блиска соработничка на рускиот опозиционер поради наводни закани на агентот на службата за безбедност кого Навални го обвини оти учествувал во неговото труење.

Отворена е истрага поради „неовластено влегување во домот и закана“ против Љубов Собол (насловна фотографија) затоа што во понеделникот отишла во станот на агентот кого Навални во телефонски разговор го измами за да му признае дека навистина бил жртва на труење, напиша на Твитер Иван Жданов, директор на Фондот за борба против корупција.

Russland Juristin Ljubov Sobol
Фотографија: Sergey Dick/DW

Максималната казна за ова дело е две години затвор.

Повеќе:

-Русија воведува санкции против Германија во случајот Навални

-Руски тајни агенти оперираат во странство

-Навални го обвинува Путин за неговото труење

Руската полиција утринава ја уапси Љубов Собол во нејзиниот стан во Москва и потоа е приведена во Истражниот комитет, орган за кривични истраги, изјавија нејзините соработници.

„Ова е полиција“, вели Собол на видео снимка од својот стан, додека се слуша тропање на вратата.

На снимката од надзорната камера пред станот се гледаат мажи со качулки во ходникот, кои потоа лепат лента преку камерата.

Russland Oppositionsführer Alexei Nawalny
Фотографија: Vasily Maximov/APF/Getty Images

На Навални му се слоши за време на летот над Сибир на 20 август, а два дена подоцна беше префрлен во болница во Берлин.

Лаборатории во Германија, Франција и во Шведска, како и тестирањата кои ги спроведе Организацијата за забрана на хемиско оружје, утврдија дека Навални бил изложен на отровот „новичок“, развиен во поранешниот Советски Сојуз. Руските власти остро негираат каква било вмешаност во труењето на Навални.