1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Садам сепак не располагал со хемиско оружје

3 јули 2004

Боевите глави откриени во полскиот сектор на коалиционите сили во Ирак сепак не содржат никакви хемиски супстанци – соопштија мултинационалните сили во Ирак

https://p.dw.com/p/AcMU
Американски војници во Ирак
Американски војници во ИракФотографија: AP

Анализите дојдоа до заклучок дека во главите што беа откриени кон крајот на минатиот месец нема ниту нервен гас “сарин“, ниту каква и да е друга хемиска супстанца, наспроти тврдењата на американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд, кој се повикуваше на својот полски колега Јержи Шмајџински. Рамсфелд триумфално изјави дека отсекогаш знаел оти Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување, што беше еден од главните аргументи за САД да ја почнат ирачката војна.

Во меѓувреме американскиот заменик шеф на дипломатијата Ричард Армитејџ за американското Национално радио изјави дека негативниот став на германската влада околу испраќањето војници на Бундесверот во Ирак не го смета за дефинитивен. Сметам дека Германија сепак на крајот ќе се вклучи во мултинационалните сили за Ирак, оцени Армитејџ. Според него многу е важно и што генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер е принципиелно отворен за идејата на САД за испраќање трупи на Алијансата во Ирак.