1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД бараат поддршка за резолуција за Косово

28 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnuH

САД со сојузниците во СБ на ОН, интензивно работат на обезбедување поддршка за нова резолуција за Косово, изјави специјалниот американски претставник за покраината, Франк Визнер. Визнер изјави дека е неопходно да се постигне согласност за конечниот текст на резолуцијата, кој би имал поддршка на ОН и би бил одраз на заклучоците содржани во планот на Марти Ахтисари. Но, рускиот амбасадор во Светската организација, Виталиј Чуркин во петокот изјави дека во СБ не се водат никакви преговори за американска нацрт резолуција за Косово, бидејќи разликите се се уште преголеми и може да се надминат само на повисоко ниво.