1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД бара Индија да го скрати увозот на иранска нафта

Александар Методијев/ројтерс/афп15 мај 2012

Карлос Паскал, специјалниот пратеник на Стејт департментот за меѓународни енергетски прашања, денеска изјави дека не е премногу импресиониран од индиските напори да го скратат увозот на нафта од Иран.

https://p.dw.com/p/14vd5
Фотографија: AP

Забелешката на Паскал стаса една недела откако државната секретарка Хилари Клинтон ја предупреди Индија дека треба да ги скрати идните увози на иранска нафта и оти можеби Њу Делхи нема да биде изземен од финансиските санкции за дополнителни два месеца. Индија е вториот најголем увозник на иранска нафта, со што му овозможува на официјален Техеран да добие свежи пари и да ја развива својата нуклеарна програма, многупати осудена од Западот.

А, властите во Иран денеска обесија човек обвинет дека одиграл клучна улога во убиството на врвен нуклеарен техничар во 2010-та година, како и дека шпиунирал во корист на Израел. Информацијата ја објави иранската новинска агенција ИРНА. Мајид Јамали Фаши беше осуден дека примил 120.000 евра од Мосад, како и дека ја поставил бомбата која го усмрти професорот Масуд Али Мохамади.