1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: владата воздржана, егзил-Кубанците радосни поради болеста на Кастро

Даниел Шешкевиц2 август 2006

Владата на САД избегнува да шпекулира за можен претстоен крај на животот на кубанскиот револуционерен водач, но од поодамна има планови за „денот икс“

https://p.dw.com/p/Adz5
Раул Кастро
Раул КастроФотографија: AP

Американски владини претставници не сакаа да се искажат околу здравствената состојба и политичката иднина на Фидел Кастро. Во кратката изјава на Белата куќа само се вели дека Соединетите Држави и натаму се залагаат за слобода на Куба.

Мнгоу поконкретни беа припадниците на заедницата на кубанските бегалци во Мајами на Флорида, каде живеат преку 600 илјади имигранти од Куба: „Целиот наш живот чекавме Фидел да исчезне. Сега дојде нашиот момент и ние сме како споулавени. Може сега да владее неговиот брат, но тоа е почеток на крајот“, вели една жена. Друга додава: „Мислам дека сега е вистинскиот момент за обединување на Кубанците овде и таму. Ова е вистински момент за демократија. Ова го чекавме“.

Претседателот Џорџ Буш случајно во понеделникот, пред да биде позната веста за болеста на Кастро, при посетата на Мајами во интервју за радио на кубанските бегалци рече: „Знам многумина во САД кои се горди на своето кубанско потекло и се дојдени овде за да живеат во една слободна земја. Се надевам дека слободата еден ден ќе се најде и на Куба“. Буш уште пред три години востанови комисија за Куба, која треба со економска помош од 80 милиони долари да ја подржи можната внатрешна промена во Куба. Трговското ембарго против таа земја е заведено уште во 1962-ра година, а пред 7 години тогашниот претседател Бил Клинтон дури и го заостри.

Американски експерти за Куба сметаат дека предавањето на власта од Фудел во рацете на неговиот брат Раул Кастро и фактички може да претставува промена на курсот. „Раул Кастро го сметаат за прагматичар. Тој е заинтересиран за економски реформи, што го одбиваше Фидел. Од подамна се смета дека сегашното предавање на власта може да е поврзано со борбата за превласт меѓу ’фиделистите‘ и ’раулистите‘. Можно е веќе во наредните денови да ги видиме првите знаци за тоа“ – вели новинарот Том Џелтон.