1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД го продолжува времетраењето на воените мисии

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEn

САД го продолжи времетраењето на мисијите на американските војници во Ирак и Авганистан за уште три месеци. Наместо досегашните дванаесет, во иднина оние кои ќе заминат во странска мисија ќе остануваа по петнаесет месеци, изјави министерот за одбрана Роберт Гејтс. Американскиот претседател Џорџ Буш бара во Ирак да се испратат дополнителни 30 000 војници.