1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД засега опстојуваат врз антиракетниот систем

9 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Apvz

По неочекуваниот предлог од рускиот претседател Путин за заедничко користење на радарски постројки во Азербејџан, САД засега остануваат на својот план за инсталирање противракетен одбранбен систем во Чешка и Полска. Претседателот Џорџ Буш од самитот на Г8 отиде во тричасовна посета на Полска на разговори со шефот на државата Лех Качински.

По средбата Буш уште еднаш повтори дека планираниот антиракетен штит не е насочен против Русија, при што рече: “Ќе договориме фер документ што ќе ја зголеми безбедноста на Полска и целиот континент од закани режими кои можеби ќе сакаат да се обидат да ги уценат слободните нации. Тоа му го реков и на претседателот Путин во разговорот. Јасно му кажав дека системот што го предлагаме не е насочен против Русија. Се разбира, би поздравиле руска соработка во антиракетната одбрана”.

Качински рече дека неговата земја го подржува стационирањето ракети од тој систем во Полска, но преговорите се наоѓале на самиот почеток.

Буш денеска престојува во посета на Италија и на Ватикан.