1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Ирак ги отфрлаат обвинувањата од кралот Абдула

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIm

САД и Ирак ги отфрлија обвинувањата на саудискиот крал Абдула дека американското присуство во Ирак е „незаконска окупација“. Абдула остро го критикуваше САД за време на средбата на врвот на Арапската лига во Ријад, изразувајќи вознемиреност од крвопролевањата во Ирак. Вашингтон и Багдад одговорија дека американските сили се во Ирак во согласност со мандатот на ОН и на покана на ирачката влада за помош во намалување на насилствата што ја зафатија земјата по симнувањето на режимот на Садам Хусеин.