1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и наметнаа царини од 7,5 милијарди долари на ЕУ

БГ
3 октомври 2019

Трговскиот конфликт меѓу САД и ЕУ кој започна со царините за челик и алуминиум, сега би можела да се заостри по пресудата на СТО. ЕУ е прогласена за виновна затоа што го субвенционирала Ербас.

https://p.dw.com/p/3QfgU
Hamburg Finkenwerder Endmontagelinie Airbus A320 Familie
Фотографија: picture-alliance/dpa/C Charisius

Само неколку часа откако добија зелено светло од Светската трговска организација (СТО), САД и се одмаздија на ЕУ поради илегалните субвенции за Ербас со царини вредни 7,5 милијарди долари (6,8 милијарди евра) за европските стоки.
Одлуката на СТО е најголема арбитражна пресуда во историјата на организацијата и важен момент во долготрајната битка меѓу Ербас и Боинг, која најверојатно дополнително ќе ги заостри и онака затегнатите односи меѓу САД и ЕУ.
Претседателот Доналд Трамп ја поздрави одлуката нарекувајќи ја „голема победа“ за САД и си го припиша себеси успехот за спорот кој се водеше 15 години.
„Постигнуваме многу победи во СТО“, рече Трамп. „Сите овие земји не поткраднуваа долги години, но знаат дека јас им застанав на патот“.
ЕУ се соочува со царини од 10 проценти на воздухоплови и 25 проценти на други стоки како сирење, виски и маслиново масло, во најголем дел од четирите земји кои го поддржуваат Ербас: Франција, Германија, Шпанија и Британија.
„Со години, Европа му даваше огромни субвенции на Ербас кои сериозно ја повредија американската авио индустрија и нашите работници“, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер.
Иако одлуката на СТО му овозможува на Вашингтон да ја казни ЕУ со царини до 100 проценти, САД засега ги ограничија царините „но имаат можност да ги зголемат во секое време, или да ги заменат производите кои се царинат“, се наведува во изјавата на Лајтизер.
Вашингтон сега и нуди преговори на ЕУ, кои Брисел веднаш ги прифати.

„Нашата подготвеност да изнајдеме фер решение останува непроменета“, се наведува во изјавата на ЕУ.
ЕУ, сепак, наскоро би можела да се повика на слична пресуда на СТО во нејзина корист, имајќи предвид дека Брисел ги тужеше САД поради нивните субвенции за Боинг. Доколку СТО ја потврди тужбата, ЕУ ќе може да им наметне царини на САД за производи во вредност од 12 милијарди долари. Таа пресуда се очекува за околу шест месеци.