1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и понатаму за заминување на Асад

2 ноември 2011

САД соопштија дека ги поздравуваат напорите кои ги вложува меѓународната заедница за да се прекине насилството во Сирија, но и понатаму сметаат дека сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да замине од власт.

https://p.dw.com/p/133Vr
Сирискиот претседател Башар ел АсадФотографија: picture-alliance/dpa

Сириските медиуми објавија дека е постигнат конечен договор меѓу сириските власти и комитетот на Арапската лига задолжен за мировна иницијатива за прекин на седуммесечните немири во земјата.

Планот на Арапската лига вклучува повик до Дамаск веднаш да ги ослободи уапсените од затвор, да ги повлече безбедносните сили од улиците во градовите, да дозволи распоредување на набљудувачи на Арапската лига и да започне дијалог со опозицијата во Сирија.

Се стравува и дека продлабочувањето на кризата би можело да доведе до граѓанска војна меѓу одделни секти и екстремистички групи, што би можело да предизвика хаос во целиот регион на Блискиот Исток.


Автор: АТ/ миа

Редактор: Борис Георгиевски