1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Турција-стратегиско партнерство

24 април 2006

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс на патот за Бугарија на средбата на НАТО министрите денеска е во посета на Грција,а потоа заминува во Анкара.Во Турција на дневен ред се темите како Иран,Ирак,Блискиот исток и приемот на Турција во ЕУ.

https://p.dw.com/p/Ae26
Кондолиза Рајс ќе ја посети Турција
Кондолиза Рајс ќе ја посети ТурцијаФотографија: AP

Стратегиско партнерство,тоа ќе биде зборот кој турската јавност често ќе го слуша при посетата на Рајс на Турција.Долгогодишните турбуленции во дипломатските односи на двете земји,кои започнаа со одбивањето на Турција да ја поддржи ирачката војна,им наштетија пред се на имиџот на меѓусебните врски.Сега свесно треба да се демонстрира хармонија, вели турскиот амбасадор во Вашингтон,Наби Шенсои:

-Целта на оваа посета е како на пријателите,така и на непријателите да им се покаже дека врските меѓу САД и Турција и натаму се силни.Зашто,за нив во последно време многу се шпекулираше.Ова е извонредна можност да се каже дека шпекулациите се погрешни.

И покрај демонтративното пријателство пред јавноста,врските остануваат проблематични.Кога кон средината на февруари турската влада ги покани палестинските исламисти од Хамас на официјален разговор во Анкара,во Америка лутината беше голема,вели Емер Ташпинар,кој раководи со проектот Турција на Брукингс институтот во Вашингтон:

-Она што ги вознемирува Американците,е генералниот антиамериканизам во Турција.Тие веруваат дека владеачката партија го користи овој националистички бран.Во таа смисла тие гледаат во поканата на Хамас популистички чекор.

И турската политика кон Иран се разликува од американската политика.Анкара е вознемирена од иранските куклерани амбиции.Но,помислата на натамошна војан во соседството или на смена на режимот во Техеран со неизвесен исход,кај турското раководство предизвикува кошмари.Зашто,и негативните влијаниеја од ирачката војна во Турција беа веќе енормни.

НАТО сојузникот сеуште ги слуша дипломатските желби од Вашингтон.Кога иранскиот преговарач за атомската програма Али Лариџани сакаше да дојде во Анкара пред Кондолиза Рајс,турските министри немаа слободен термин за него.

Со години владата на Турција го моли Вашингтон за поддршка во едно прашање и не ја добива:Белата куќа –не е волна на протерување на повеќето илјади борци на Турската работничка партија од Северен Ирак.Иако за американската влада и самата Курдска работничка партија важи за терористичка организација,Вашингтон стравува од губење на својот најдобар сојузник во Ирак,Курдите.Ташпинар гледа и други области каде САД можат да ја поддржуваат Турција:

-Ние гледаме дека САД во прашањето околу курдската работничка партија не може ништо да направи.Рацете им се врзани.Затоа е полесно да се направи напредок во кипарското прашање.Ако речат,ќе го признаат Северен Кипар,во Турција тоа би имало голем оддек.Дури потоа САД и да не го признаат Северен Кипар.