1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Камала Харис- храбар избор

Карла Блајкер
12 август 2020

По долго натегање конечно падна одлука: Камала Харис е кандидатка на Демократската партија за потпретседателка на САД. Со изборот на Харис, Џо Бајден донесе ризична, но историска одлука, смета Карла Блајкер.

https://p.dw.com/p/3gpJV
USA Kamala Harris Senatorin Demokratische Partei
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/J. Martin

За потпретседателскиот кандидат на Демократската партија во САД  изминатите недели се дискутираше толку бурно , каков што беше  случајот и со самите кандидати за претседател на демократите. За британските букмејкери, кои инаку се обложуваат за имиња на кралските бебиња, ова страствено типување  би било жива радост. Со сенаторката Камала Харис, Џо Бајден и неговите советници сега се одлучија  за жената, која од самиот почеток беше една од главните фаворити.

Контроверзна кандидатка

Но, Харис е исто така ризичен избор. Сенаторката од Калифорнија, која и стави крај на сопствената претседателска кандидатура во декември 2019 година, беше особено забележлива за време на првичните кандидатски дебати со нејзините остри напади против Бајден. Нејзината критика: Бајден не се дистанцира доволно од поранешните колеги во Сенатот, кои некогаш ја поддржувале расната сегрегација во САД.

Carla Bleiker APP Kommentarbild vorläufig
Карла Блајкер, авторка на коментарот

Ривалот на партиските избори да стане „running mate“ односно „кандидат придружник“ не е премногу невообичаено. Но: Харис преку нејзината досегашна кариера  им нуди на политичките противници широк простор за напади. За време на нејзиниот мандат како главен јавен обвинител во Калифорнија, нејзините критичари велеа дека таа премногу брутално и не секогаш правично ја води борбата против криминалците. Уште за време на нејзината претседателска кандидатура, таа беше обвинувана дека нејзината канцеларија недоволно ги истражувала некои случаи во кои црнци биле убиени од истрели на полицијата.

Повеќе:

-САД: Закана од масивно странско мешање во претседателските избори

-Бајден ја осигура номинацијата и „распука“ по Трамп

-САД: Демократите ги збија редовите

Сето ова ја прави Харис ризична за Бајден. На крајот од  краиштата, нема само изборниот штаб на Доналд Трамп да се нафрли врз минатото на Харис. Дури и либералните демократи на левиот крај на партискиот спектар, кај кои Бајден веќе има тешка позиција, не сакаат да видат како Харис отпосле се обидува  да се прикаже себеси како „прогресивна правничка“.

USA Kamala Harris  Primaries Debatte mit Biden
Џо Бајден и Камала ХарисФотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Sancya

Историска одлука

Сепак, одлуката да оди во претседателската трка со Харис беше паметен шаховски потег на Бајден. Харис е харизматична говорничка која може да ја  понесе публиката и да се погрижи за итно неопходното воодушевување кај електоратот на Демократската партија. И таа е прва црна кандидатка за функцијата потпретседател на САД на една од двете големи партии. Историски момент за земја во која расизмот и систематската дискриминација на црните Американци во моментов се доминантни проблеми. Се разбира, Бајден исто така се надева дека со тоа ќе придобие  уште повеќе афро-американски гласачи.

Важи за сосема веројатно дека поради староста, Бајден би владеел во Белата куќа смо еден мандат и потоа би го расчистил патот за неговата потпретседателка. Камала Харис тогаш би можела да стане првата жена претседател на САД. Но, тоа е уште далеку. Сега пред тимот Бајден-Харис стои главниот предизвик: победа на изборите за претседател на САД во ноември.