1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-Косово

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ant9

САД денеска во советот за безбедност на земјите членки ќе им поделат нова предлог резолуција за Косово. Дипломат на Светската организација посочи дека не станува збор за гласање, туку само за запознавање на амбасадорите во Советот со предложените измени. Инаку Кремљ денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин во текот на наредната недела во Санкт Петерсбург ќе се сретне со српаскиот премиер Воислав Коштуница. Русија смета дека конечното решение за статусот на Косово треба да произлезе од директните преговори меѓу Белград и Приштина.