1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – Косово

18 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJUx

САД ќе ја признаат независноста на Косово, порача американскиот државен потсекретар Николас Барнс во интервју за БиБиСи. Тој исто така ја обвини Русија за неконструктивната улога во надминувањето на спорот околу статусот. „Косово ќе стане независно низ процесот во Советот за безбедност или преку некој друг механизам, а САД ќе ја поддржат таа независност„ – порача Барнс. Тој н агласува дека тоа не значи оти на САД не им е важен ставот на Русија или фактот што во ЕУ нема консензус по ова прашање, но дискусијата по ова прашање сепак се ближи кон крајот – порача Николас Банрс.