1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Нападот во Бенгази беше терор

ЖА/дв/дпа/ртре29 септември 2012

Кој се крие зад атентатот од 11. септември 2012. година во либискиот град Бенгази? Американските тајни служби се сигурни - тоа беше координиран терористички напад кој укажува на Ал Каеда.

https://p.dw.com/p/16HQE
Фотографија: Reuters

Американските разузнавачки служби тврдат дека нападите врз американскиот конзулат во Либија го организирале лица поврзани со Ал Каеда, но истакнуваат дека има уште многу прашања на кои треба да се одговори.

„Се‘ уште не е јасно дали некоја група или лице имале команда и контрола врз нападот ниту дали лидерите на некои екстремистички групи им наложиле на своите членови да учествуваат во нападот“, изјави Шон Тарнер, портпарол на Канцеларијата на националниот разузнавачки директорат.

„Проценуваме дека некои од учесниците биле поврзани со групи кои се поврзани со Ал Каеда или се нејзини симпатизери“, додаде тој.

Во нападот врз американското дипломатско претставништво во Бенгази, на истокот на Либија на 11. септември загинаа амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца Американци.

„Кога стекнавме подобар увид во нападот ја изменивме почетната проценка за да вклучиме нови информации кои укажуваат на тоа дека се работело за намерен и организиран терористички напад зад кого стојат екстремисти“, појасни Тарнер.

Тој, меѓутоа, признава, дека наспроти напредокот постигнат во истрагата, и натаму постојат многу прашања на кои се‘ уште нема одговор.

Libyen Proteste
Фотографија: Reuters

Во либискиот главен град Триполи пак одново протестираа стотици луѓе барајќи распуштање на различните милиции во земјата и организирање национални безбедносни сили. Луѓето носеа транспаренти на кои пишуваше: „Либија е во стапица, не постојат безбедносни сили или полиција“. Слични демонстрации имаше и во Бенгази пред една недела. Притоа беа нападнати и бази на милициите. Како одговор на тоа претставници на либиската влада ветија распуштање на илегалните милиции, додека оние лојални на владата треба да бидат признати и да добијат легален статус.