1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД на раб на банкрот

30 јуни 2011

Нема само во Европа држави кои се движат на работ на банкрот- како на пример Грција. Во меѓувреме на такво дереџе се и САД. Претседателот Обама упати итен апел до републиканците за заедничко дејствување против кризата.

https://p.dw.com/p/11mVw
Претседателот Барак ОбамаФотографија: AP

Законската граница за максимално задолжување на државата е достигната, а на почетокот на август САД мора да ги вратат тековните рати од државниот долг. Единствена помош во ваквата ситуација е да се покачи границата на максимално задолжување за да може да се земат нови кредити. Но на претседателот Барак Обама за тоа му е неопходна согласноста на опозициските републиканци. Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ веќе се закани дека ќе го намали драматично кредитниот рејтинг на САД ако не биде постигната согласност. Поради тоа, од Белата куќа вчера беше упатен итен апел до републиканците.

На претседателот Барак Обама пред се’ му беше важно американските граѓани да сфатат дека до 2 август мора да се зголеми границата на максимално задолжување или им се заканува банкрот:

IWF Internationaler Währungsfonds Logo Washington
ММФФотографија: picture-alliance/dpa

„Ако САД првпат во својата историја не бидат во состојба да ги платат сопствените долгови, ако банкротираат, последиците за американската економија ќе бидат огромни“, порача Обама.

Банкрот на САД би имал несогледиви последици

Последиците не би биле огромни само за економијата на САД, туку и за финансиските пазари ширум светот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд. САД мораат што побргу да ја зголемат границата на максимално задолжување, за да се избегне сериозен шок на светската економија, апелираше со драматични зборови ММФ.

Еве во што е проблемот за американскиот претседател - нему и на неговите демократи за таква одлука им се потребни и републиканците, бидејќи тие имаат мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот конгрес. За оваа тема се води расправа веќе со недели.

Долар за долар

US Kongress Barack Obama hält eine Rede zur Lage der Nation in Washington
Американскиот конгресФотографија: picture-alliance/dpa

Републиканците бараат за секој долар покачување на границата на максималното задолжување да се испланираат заштеди на друга страна, според системот „долар за долар“. Обама секако сака да штеди, но сака и да ги укине даночните олеснувања и тоа за милионерите, нафтената индустрија и приватните авиони. „Не би рекол дека тие барања се радикални. Мислам дека со тоа се согласува мнозинството Американци.“

Меѓутоа републиканците сигурно не спаѓаат меѓу оние кои се согласуваат со него. За републиканците т.н. укинување на даночните олеснувања значи зголемување на даноците и тоа стриктно го отфрлаат.

Преговорите се блокирани. На прес-конференцијата се виде колку Обама е фрустриран поради тоа. Меѓутоа не треба да се очекува дека тоа ќе ги омекне републиканците. Значи ќе биде жестоко. Ако двете партии не се договорат и тоа најдоцна до 2 август, тогаш ќе се случи она што никој до пред кратко време не можеше ни да го замисли - САД ќе банкротираат!

Автор: Ана Енгелке/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска