1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бесмислената безобѕирност на Трамп

Михаел Книге
28 јануари 2019

Договор е постигнат и блокадата на буџетот (привремено) е завршена. А всушност во договорот нема ништо ново и сета таа безобѕирност кон државните службеници беше само сурова „игричка“ на Трамп, смета Михаел Книге.

https://p.dw.com/p/3CItS
Washington U.S. Präsident Trump Kappe
Фотографија: Reuters/C. Barria

Американскиот претседател чекаше 35 денови за да го потпише законот, кој можеше да го потпише уште пред Божик. Пред да ги прекине преговорите на масата беше сличен договор со кој се предлагаше привремено одобрување на буџетот. Она што не стоеше во тој договор беа партите за Трамповиот толку омилен ѕид на границата. Токму затоа актуелниот претседател уште и се фалеше дека ќе биде горд да ја блокира целата влада ако не добие пари за неговиот ѕид.

Конечно, по 35 денови блокада тој објави дека е постигнат договор кој впрочем демократите му го понудија уште минатата година: привремено одвојување на ставката во буџетот каде уште би требало да се договорат мерките за безбедност на границата. Трамп решително отфрлаше сѐ, додека во петокот конечно не се согласи.

800.000 државни службеници поради безобѕирното однесување на Трамп уште пред Божик подолго од еден месец мораа да издржат без никакви приходи. Да не ги спомнуваме оние повеќе од милион работници кои со договор работат за владата и за нејзините институции и кои нема да добијат дополнително пари, како што ќе добијат оние кои се постојано вработени.

Монументална неспособност

Сѐ до денес, Трамп и неговата влада преполна со милијардери (како на пример министерот за трговија Вилбур Рос) сѐ уште не сфатија во која мерка е разорна оваа нивна бесрамна игра за голем број државни службеници, особено за оние кои и онака не заработуваат многу. Многумина мораат да се хранат во јавните кујни за сиромашни и итно бараа каква било работа, иако често мораа и натаму да ги извршуваат своите должности - без плата.

Повеќе:

-Привремено решение за „шатдаунот“ во САД

-Со актуелниот „шатдаун“ Трамп достигнува нови крајности

-Трамп само „си игра играчки“

Не смее да се заборави и уште нешто: колку подолго траеше блокадата на Трамп, толку повеќе загрозуваше илјадници и илјадници ситници во секојдневието. Тука на пример спаѓа надзорот на прехранбени производи кои ќе се најдат во трговијата, царински контроли, безбедност на аеродромите и во авионите - а со тоа се коцкаше и со безбедноста на целата нација. Токму со таа безбедност поради која Трамп тврди дека е потребно да се изгради ѕид на границата.

Michael Knigge Kommentarbild App
Михаел Книге, автор на коментарот

Треба да остане во сеќавање оти инаетот на Трамп уште повеќе го влоши угледот на државата како работодавач. Во речиси сите професии платите се пониски отколку што би платила некоја фирма, но работата барем досега изгледаше сигурна. Стотици илјади погодени сега бараат барем некое привремено решение, бидејќи наредната блокада би можела да почне веќе за три дена.

Сето тоа не е ништо ново за Трамп, кој во целата кариера никогаш немал проблем да си игра со пари и со чувствата на другите луѓе ако тој од тоа има полза.

Сега може да се погодува, што го наведе Трамп да попушти: откажувањето на неговиот договор во Конгресот за состојбата на нацијата, заканувачкиот колапс на воздушниот превоз на проментите јазли, можеби тоа е одвлекување внимание од тужбата против неговиот сојузник Роџер Стоун, можеби тоа беше притисокот од неговите сопствени републиканци - или сето тоа заедно. Но, овие претпоставки се бесмислени. Никој не знае, што ќе стори Трамп.

Наместо тоа, треба да ја искористи оваа куса пауза на луѓето кои работат за американската влада и кои беа погодени со блокада, да им се заблагодари што со нивна заслуга сепак ја одржаа целата земја во погон. И треба да се надева, ако воопшто може и да има некаква долгорочна полза од оваа најдолга блокада во историјата, оти Американците нема да заборават кој рече дека ќе биде горд да ја блокира целата влада.

Треба да се надеваме и оти уште повеќе Американците ќе сфатат каков нечувствителен и суров претседател имаат, престедател кој нема никаков проблем на другите луѓе да им го одземе нивниот приход потребен за живот. И тоа за бесмислен граничен ѕид кој и покрај тоа не го ни доби. Има ли подобар доказ за недостаток на каков било карактер?