1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Ослободени од заробеништво во гаража

ЖА/дв/ртре/афп20 јули 2013

Повторно случај на брутално лишување од слобода во САД: во Хјустон биле држани во гаража четворица постари мажи, а нивните мачители ги касирале пензиите и социјалната помош.

https://p.dw.com/p/19BCu
Фотографија: Reuters

Четворица мажи и жени ослободени се од една гаража од Хјустон, каде биле заточени во нечовечки услови, некои од нив биле заточени и 10 години.

Тексашката полиција ги пронајде по повик кој го добила во петокот изутрината. Тие на полицајците им рекле дека биле намамени со цигари и алкохол, а нивните грабнувачи ги заточиле со цел да ги уновчат нивните чекови за социјална помош и пензиите.

Според извештајот на СиЕнЕн, станува збор за машки лица на возраст од 50 до 80 години, кои се неухранети. Во гаражата немало ниту мебел, ниту санитарни уреди, а таа била обезбедена со повеќе катанци и брави. Истражните органи настојуваат да утврдат колку долго биле заточени, но по се‘ изгледа во прашање е подолг временски период. Едно лице е во притвор, но повеќе детали не се објавени.

Во истиот двор се пронајдени и уште четири жени кои имале ментални проблеми. Не е јасно дали и тие исто така биле држани затворени и дали се во врска со сопствениците на куќата.