1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-порешително против Иран

13 април 2006

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс побара поголема решителност од Советот за безбедност на ОН.Соопштението на Техеран е натамошен доказ дека Иран им противречи на ставовите на меѓународната заедница.

https://p.dw.com/p/Ae2K
Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс
Американската министерка за надворешни работи Кондолиза РајсФотографија: AP

Американската министерка за надворешни арботи Кондолиза Рајс не остави никаков сомнеж,САД сега инсистираат на дејство на меѓународната заедница.

-Дојдено е времето да делува Советот за безбедност на ОН.

Во САД постои двојна загриженост.Страв од атомско оружје во рацете на Иран и страв од воен напад од Американците.

Харвардскиот професор Греам Елисон,експерт за кубанската криза од 1962 година,вели дека конфронтациите меѓу САД и Иран се целосно повторување на кризата со Куба.

Екс советникот за безбедност Збигњев Бжежински веќе ја предупреди владата на Буш од воена опција.Америка дефинитивно ќе ги загуби својата улога и углед во светот ако дојде до војна.Претседателот Џорџ Буш повеќепати изјави дека шоуто сега нема да се вика САД против Иран.Сега се работи за светот против Иран:

-Ако ние директно преговараме со Иран,тогаш светот би се свртил однопаку.Нема да ги доведам САД во ваква ситуација.Германија,Велика Британија и Франција сега исто се со нас.

Во последно време во САД гласно и јавно се дискутира за можна воена опција против Иран.Следеше официјален демант:дури во вторникот министерот за одбрана Доналд Рамсфелд ги означи како излет во светот на фантазијата извештаите за напреднатите воени планови и можните тактички атомски оружја против Иран:

-Претседателот Буш и нашите сојузници с езалагаат за дипломатско решение.Повеќе нема што да се додаде.

Повеќе рече во секој случај американската министерка за надворешни работи Рајс.Таа претходно вчера разговараше телефонски со шефот на Меѓунардоната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи и побарала од него денеска од Иран да побара придржување кон меѓународните договори.Таа бара свикување кризна седница на Советот за безбедност на ОН,но во просторот виси и друго барање:

-Советот треба добро да ги простудира последните постапки на Иран и да дојде до заклучок дека е време за решителни чекори, заради зачувување на веродостојноста на меѓународната заедница.

Кондолиза Рајс не сакаше да каже на какви мерки мислат САД.Но,веќе одамна се дискутира за економски и политички санкции како следен логичен чекор во конфликтот со иранската атомска програма.