1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД поштедени од нов спор околу политиката на задолжување

СН/ат/афп/дпа/ртр13 февруари 2014

Платежна неспособност на САД привремено е избегната. По Претставничкиот дом и Сенатот гласаше за кревање на лимитот на државниот долг, без никакви услови.

https://p.dw.com/p/1B7ok
Фотографија: Reuters

Сенатот на САД усвои закон, со кој на федералната Влада и се овозможува да зема кредити уште 13 месеци, до март наредната година.

Демократите, кои доминираат во Горниот дом на американскиот Конгрес, го поддржаа законот со 55 гласа „за“, а 43 сенатори се изјаснија „против“. Законот уште вчера изненадувачки беше одобрен и од Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинство се републиканците.

Со ова Конгресот го исполни барањето на американскиот претседател Барак Обама да и дозволи на Владата да продолжи да зема кредити без никакви услови.

Со мерката и се дозволува на федералната Влада да зема кредити неограничено до 15 март. Со тоа привремено се решава ризикот од банкрот на САД, земја со најголема економија во светот. Технички лимитот на државниот долг на САД е фиксиран во моментов на 17 билиони и 211 милијарди долари. Законот ќе важи до 15 март, 2015 година. Доколку тој не беше усвоен на САД според официјалните податоци цеќе во февруари и се закануваше платежна неспособност.