1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД предупредуваат : можни се нови напади во Алжир

14 април 2007
https://p.dw.com/p/AgE9

Американската амбасада во Алжир предупреди од можни нови терористички напади во главниот град на таа земја. Во соопштението упатено до американските граѓани се укажува дека како цели на напади би можеле да бидат Централната пошта и седиштето на алжирската телевизија.

Во нападите во средата во Алжир беа убиени најмалку 33 лица, а повеќе од 200 беа ранети. Одговорноста ја презеде терористичката група Ал Каеда во земјите на Магреб.