1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – Русија – антиракетен штит

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntP

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека почнуваат нова трка во вооружување. Со распоредувањето на елементи на новиот анти-ракетен штит на Американците во Источна Европа се нарушува стратешката рамнотежа, порача Лавров по средбата со колегите од Групата Г8 во Потсадам. Неговата американска колешка Кондолиза Рајс и вчера ги оквалификува руските задршки како “смешни“.