1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД, Русија и ЕУ ќе ги предводат натамошните преговори за Косово

26 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BMBk

Преговорите за изнаоѓање решение за идниот статус на Косово , по предлог на Германија отсега ќе бидат водени од тричлена група- посредници од Европската Унија , САД и Русија. За ова согласност постигна Контакт-групата за Косово на вчерашниот состанок во Виена. Останува меѓутоа отворено , кога ќе продолжат преговорите .

Последните напорите за усвојување резолуција во Советот за безбедност на ОН пропаднаа поради заканата на Русија дека ќе стави вето на секој документ кој предвидува независност на Косово.