1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД се далеку од построги закони за оружјето

АТ/ ап/ афп/ дпа20 март 2013

Иницијативата на американскиот претседател за заострување на законот за оружје веројатно ќе пропадне. Обама тешко може да се справи со моќното лоби за оружјето, кое го диктира правецот. Тоа е видливо во Јужна Дакота.

https://p.dw.com/p/180Yk
Фотографија: Reuters

Речиси три месеци откако беше стартувана, на иницијативата за забрана на полуавтоматско оружје и особено големи магацини, со кои за кратко време може да се испукаат голем број истрели без дополнително полнење и’ се заканува пропаѓање. Сенатот имено издаде нацрт закон, во кој овие две клучни мерки воопшто не се наведени.

Без поддршка

Водачот на демократите на претседателот Обама во Сенатот Хери Рид, образложи дека ваквата одлука доаѓа како последица на недостиг на потребната поддршка. За законот да мине во овој дом на парламентот потребни се 60 гласови „За“ од 100 сенатори. За нацрт закон кој ќе содржи забарана на автоматско оружје во моментов би гласале помалу од 40 сенатори, појасни Рид.

Покрај републиканците, кои традиционално одбиваат построги закони за оружје, на забраната критички гледаат и сенаторите од редовите на демократите од внатрешноста на земјата. Законот освен Сенатот треба да го усвои и вториот дом на Конгресот, Претставничкиот дом. Таму републиканците имаат мнозинство.

„Нема да ставам нешто на гласање, што нема да има успех“, дополни Рид.

Според неговите зборови демократите во моментов вложуваат напори, да ги придобијат републиканците да се согласат најмалку на засилена проверка при купувањето оружје. Дали ова ќе успее засега е неизвесно. Моќното лоби за оружје „National Rifle Association (NRA)“ силно се противи на построги закони. Тие притоа се повикуваат на американскиот устав, во кој е вкотвено правото за поседување оружје.

Вооружени наставиници во Јужна Дакота

Колку е големо нивното влијание покажува неодамнешната одлука на властите во сојузната држава Јужна Дакота. Таму вработените во училиштата во иднина ќе смеат да носат оружје во училниците, откако ќе добијат соодветен тренинг. Јужна Дакота е првата американска сојузна држава која воведе ваква дозвола. Тамошните власти ја следеа препораката на американското лоби за оружје. Тоа, по масакрот во Њутаун се заложи за вооружени чувари во сите американски училишта. Само на тој начин децата би биле заштитени, аргументираат лобистите. Здружението лобира и за тоа секој Американец да поседува оружје, за да може да му се спротивстави на евентуален вооружен напаѓач.