1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-Турција-Ирак

10 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BobG

САД ја предупредија Турција во борбите против да курдските бунтовници да не навлегуваат на ирачка територија. Ова не е вистински начин за решение на проблемот, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи во Вашингтон во кое Турција и Ирак се повикуваат на соработка. Реакцијата на Вашингтон е по одлуката на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан, во борбите против курдските бунтовници доколку е потребно да се навлезе на ирачка територија. Само во последните два дена во судирите загинаа 15 турски војници. Официјален Багдад ја смета Работничката партија на Курдистан за терористичка организација но нема да и дозволи на турската армија да ја мине границата:

„ Изразуваме сочувство за жртвите на ПКК која е терористичка организација и напаѓа цивили. Но дефинитивно нема да и дозволиме на турската армија да ја мине границата. Тоа нема да помогне во градењето добри односи меѓу двете земји. Военото решение не е вистинскиот пат и нема да ги запре активностите на ПКК во Турција. Сметаме дека заедно со помош на САД можеме да ги попбедиме активностите на оваа организација„ изјави портпаролот на ирачката влада Али Ал Дабаг.