1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саем за автомобили во Женева сред економската криза

Паскал Лехлер4 март 2009

Автомобилскиот саем во Женева ги отвора портите за посетителите. Но, за разлика од саемот во Детроит, местата за изложување во Женева се посакувани повеќе од кога и да е досега. Сепак, расположението е лошо.

https://p.dw.com/p/H4vS
Новиот модел на „Опел“- „Ампера“Фотографија: AP

Кризата во автомобилската индустрија се чувствува и во саемските хали во Женева. Ни од далеку не може да се почуствува т.н „пролет во автомобилската индустрија“, што секоја година вообичаено се најавува на почетокот на март во Женева. Сите производители сметаат на значителен пад на продажбата. Само во февруари „Ауди“ продаде 11. проценти помалку автомобили.

Презентација на „Опел“

Schweiz Genf Autosalon 2009 Opel Insignia Ecoflex
Презентација на „Опел“ во ЖеневаФотографија: AP

Но, погледите пред се’ се насочени кон штандот на „Опел“. Во понеделникот во Берлин се водеа кризните разговори за иднината на ова претпријатие. Деновиве во Женева се претставуваат новите производи, меѓу нив и моделот „Ампера“. Станува збор за електричен автомобил „Мејд ин Риселсхајм“, кој ќе ги освојува улиците по 2011 година. Карл Петер Форстер, шефот на „Џенерал моторс“ за Европа, инаку фирма мајка на „Опел“ излезот од кризата го гледа во новите иновативни производи.

Но, претходно на Форстер му се потребни повеќе од три милијарди евра за да ја спаси традиционалната германска марка на автомобили:„Мора да разберете, дека во моментов веројатно и нема производител, кому не му требаат повеќе пари отколку што добива. Нашата состојба е: имаме мали резерви. Тоа е сосем специфична ситуација од којашто треба да најдеме излез. Продажбата во Германија е добра и тоа не радува. Тоа ни покажува дека марката е добро прифатена, и доколку продаваме вистински производи, ќе имаме голем успех на пазарот“, вели Форстер.

Државна помош за автомобилските концерни, протекционизам и ефтини кредити - тоа ќе бидат главните теми во Женева. Но, и покрај кризата од саемот пристигнува една добра вест: ниту еден од излагачите не го откажа своето учество. Застапени се сите големи автомобилски компании.

Еко-трнедот продолжува

Schweiz Genf Autosalon 2009 Mercedes E 350 CGI BlueEfficiency
„Мерцедес“Фотографија: AP

До 15 март во Женева ќе може да се видат вкупно 85. светски премиери - меѓу нив ќе се претстават и новиот модел на Фолксваген „Поло“ и Мерцедес „Е-Класа“. И покрај кризата во браншата продолжува трендот на производството на еколошки модели. Автомобилите со алтернативен погон и технологиите, кои ја штитат животната средина и натаму заземаат важно место, и покрај тоа што цените на горивата се ниски. За еколошкиот тренд се залага и шефот на Дајмлер, Дитер Цече:„Сеедно дали во моментов цените на горивата се ниски или високи; сосем е јасно дека емисијата на штетните гасови мора да биде редуцирана, особено емисијата на ЦО2.“

Цече се надева дека со новата „Е-Класа“ ќе се задржи високата продукција во неговите фабрики. И покрај тоа што новиот абвтомобил за првпат ќе биде прикажан во Женева, според автоконцернот веќе се примени 40.000 нарачки.