1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сакашвили положи заклетва

21 јануари 2008

И покрај обвинувањата за фалсификат на изборите, претседателот на Грузија Михаил Сакашвили вчера положи заклетва за вториот мандат. Истовремено, против него демонстрираа десетици илјади припадници на опозицијата.

https://p.dw.com/p/CvDx
Опозицијата демонстрира, Сакашвили славиФотографија: AP

Вчерашниот ден во Грузија беше полн со противречности. Со голема помпа и воени почести, Михаил Сакашвили вчера положи заклетва за вториот претседателски мандат што се претвори во празник за политичката елита и големиот број странски гости. Парада на тенкови по улиците на главниот град Тбилиси, на небото крстосуваа хеликоптери. Михаил Сакашвили се заколна врз уставот.

На друга страна повеќе од 70 илјади припадници на опозицијата демонстрираа против Сакашвили обвинувајќи го за фалсификување на изборите. За да избегант судири со полиицјата, тие се собраа на сосема друга страна од Тбилиси. Меѓутоа, нивната акција малку помогна зашто новиот претседател на Грузија повторно се вика Михаил Сакашвили. Во неговиот говор пред зградата на паралментот тој посебно се осврна врз односите со Русија:

„Уште пред 4 години ја креваваме раката во таа насока како знак за пријателство со Русија. Денеска сакам да го повоторам тој гест. Мораме да бидеме пријатели, да соработуваме„.

Тоа што грузиско-руските односи се влошени, голема вина има и Вашингтон. При последната посета, американскиот претседател Џорџ Буш и вети на земјата членство во НАТО. Цел што пријателот на Америка, Сакашвили стриктно ја следи на нездоволство на Кремљ. Тој со сите сили се залага за приклучок кон Запад и за членство во Европската унија, иако Европа, чисто географски е далеку од Грузија. Еден од лидерите на опозицијата вчера изјави:

„Неговата инаугурација се одвива со тенкови и полицајци, ние овде протестираме со народот„.

Без сомневање, на изборите пред две недели имаше неправилности. Меѓутоа, претставниците на ОБСЕ сметаат дека и покрај тоа вкупниот резултат ќе беше истиот. Интерпретација што опозицијата не ја прифаќа:

„Денеска немаше инаугурација, туку шоу претстава со нелегитимниот претседател Сакашвили. А, посматрачите на изборите кои велат дека добил малку над 50 проценти, многу добро знаат дека тоа не е точно„.

Иако на прогласувањето под ведро небо вчера присуствуваа претседателите на балтичките држави, на Полска, Романија, претставници на ЕУ и на НАТО, како и рускиот министер за надворешни работи, Грузија останува поделена. Според последните анкети, повеќе од половината граѓани на Грузија не го прифаќаат Сакашвили како претседател, а две третини дури веруваат дека не ги добил соопштените 53 проценти гласови.