1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Салам Фајад доби нов мандат за формирање преодна влада

14 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFrE

Премиерот на вонредната палестинска влада Салам Фајад поднесе оставка по што веднаш од претседателот Махмуд Абас доби нов мандат за формирање преодна влада, соопштија властите во Рамала. Овој чекор бил неопходен бидејќи утре истекува мандатот на вонредната влада. Претседателот Абас ја постави оваа влада откако радикалниот Хамас, по повеќе месечни борби насилно ја презема контролата во појасот на Газа. – Исламиситите и преодната влада ја прогласија за противуставна. Претседателот на Парламентот Ахмед Бахар од Хамас за утре свика вонредна седница на Собранието очигледно да демонстрира дека моќта на Абас е ограничена на Западниот брег.